e4917171fe06a452fa32956780d28516_XL

09.10.2024 Скопје

Се бара 60 денари за старт без километар и секој нареден по 35 денари. Тарифа за чекање 400 денари за еден час.

Сегашните цени се 60 денари старт со вклучен клометар, секој нареден по 25 денари, чекање за еден час 300 денари.

Ова барање за поскапување на такси превозот беше презентирано на комисијата за финансии, каде такси превозниците ги образложија причините.

„Давачките, трошоците енормно ни се зголемија, а возиме по стари цени. Последното покачуваше што беше фактичко тоа беше минимално покачување и тоа покачување го изгубивме само за два месеци, со зголемувањето на минималната плата, трошоците придонесите, тоа се стопи буквално за два месеци. И од последното покачување до сега имаме многу повисоки трошоци, а возиме со иста цена. Најголем проблем ни е што во моментот таксито дојде до таа ситуација, да не вршиме ние такси превоз, туку во моментот ние сме доставувачи на стока“ рече еден од претставниците на Здружението на лиценцирани такси превозници.

Освен минималната плата и трошоците на живот, кажаа и за цените на сервис на возилата.

„За една ламела да се смени за што плаќавме од 2500 до 3000 денари, сега плаќаме 5000 до 6000 денари. Вулканизерски услуги тоа е со 100 проценти, буквано придонеси, еден куп работи. За издавање на лиценца, вадевме еден документ од судот, а сега требаат четири документи“ рече тој.

Зборуваше и за намалувањето на такси компании, и за како што рече поголемата исплатливост  што ја имале правни субјекти да му превезуваат работници.

Како граѓани сведоци сме дека се потешко брзо се добива такси услуга.

Кажаа и дека таксито како поим секаде било луксуз.

„Ако ви кажам колкава е разликата помеѓу автобус и комбиња и ние што возиме со таксито таа е огромна. Таксито се знае дека е луксуз, не може секој таксито да го користи. Социјална помош зема, по социјална помош оди со такси“ објаснуваше тој.

Кажаа и дека таксито како категорија било на најдолно ниво во моментов.

„Издавате лиценца за работа и општината ни дозвиолува да возиме по таа цена. Издавате лиценца за работа на ресторани, кафичи. Цената вие му ја кажувате или самите си ја опредуваат? Значи таксито моментано е на најдолно ниво“, рече друг претставник на здружението.

Бојкоски со објаснување за како што рече да не се разбреле погрешно, а и на граѓаните да им биде појасно кажа дека цената која е во иницијативата е предложена од такси правозниците.

„Односно цената која што е предложена сега ја предлагаат таксистите, општината, односно Советот, за жал морам да кажам дека тоа е несреќно решение само ја потврдува таа цена или ја одбива. Согласно доставеното барање кое што беше од страна на здружението, тие си бараат согласно зголемените трошоци кои што ги имаат при функционирањето на такси превозот во Битола. Тоа значи дека доколку оваа цена биде потврдена или модифицирана, тоа ќе значи дека ризикот за функционирање на овие приватни компании е нивен, како што кажаа и таксистите дали ќе возат по овие цени или не. Оваа цена е предложена од нив. Општината Битола, ниту некој од општинската администрација, ниту тука од страна на советниците ја нема предложено оваа цена. Тука да бидеме јасни за граѓаните. Затоа ризикот за зголемувањето ќе си го сносат самите такси превозници“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Бојкоски рече дека и од состаноците и она што е кажано, сватил дека ако останат важечките цени тие нема да возат трета смета, а со тоа Битола би останала навечер без такси превоз. И повтори тоа е цена од нив, а не од Советот, односно Општината.

Корлевски праша за колкав временски период ќе се однесува ова барање бидејќи по претпоставка ако има ново зголемување на миниалната плата, а тоа е работа на централната власт. И се повика на тоа дека освен лиценците, согласно член од законот треба да се почитуваат и условите пропишани од страна на Советот, од локација, обележување, боја и тарифи на такси превозот. Оттука тој со предлог.

„За да не ја вртиме наоколу, на широко, Советот како Совет, значи јас не сум правник, не знам, не ги знам тие работи што ги имате потребите, иницијативаат што ја поднесувате не спорно дека треба да се прифати. Моето размилување претседателке е, ние колку што знам во Општина Битола имаме комисија, односно кога се случуваше за градскиот превоз, за линиите кога зборуваме, па за училиштата како се прави, па тоа беше квантна физика, нека се собери уште еднаш, нека разговараат заедно, на пример за колкав временски период, дека она навистина, можеби ќе треба и поголема цена или помала и ќе му ја предложи на Советот и така да биде изгласана и да биде испочитувана“ рече советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

„Точно, заради тоа и ја преименувавме во иницијатива, мора да има иницијатива до таа комисија“ додаде претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

„За да не биди, сега да не ме сватат колегите погрешно. Ние сме лаици во таа работа. Не известивте. Апсолутно оправдани се тие причини. И ние возиме возила и знаеме дека се зголемени цените и неспорно е тоа“ додаде Корлевски.

Илиевска побара да влези во записник да се извести комисијата на општинат и да закажат состанок со претставниците на такси компаниите овие денови до денот на одржување на седницата која е закажана за 10 октомври.

Порано имало околу 400 до 450 возила, сега со лиценци биле околу 50 до 70 и кажаа дека од ден на ден нивниот број се намалува.

Подготвено од М.Д.

About Author