16.10.2024 Скопје
Годинава во Србија се поднесени над 67.000 барања за работни дозволи, а имајќи ја предвид досегашната практика на одбивање на 10 отсто од барањата, се очекува 2024 година да биде рекордна, објави германската организација за Меѓународна соработка (ГИЗ).
Во 2023 година се издадени 52.185 работни дозволи на странци, што е зголемување за 48 отсто во однос на 2022 година и 120 отсто во однос на 2021 година.
Голем број Балканци живеат и работат во Германија.
Подготвено од М.Д.