22.10.2024 Скопје
Србија останува без две термоелектрани: Почнува процесот на конечно затворање„Електропривреда Србија“ објави тендер за изработка на идејно решение за потребите од конзервација, развој и поднесување барање за потреба од оцена на влијанието врз животната средина за престанок со работа на термоелектраните Колубара и Морава. Вредноста се проценува на 38 милиони динари.
Во техничката документација стои дека во последните неколку години се поголем број термоелектрани, особено оние кои користат цврсти фосилни горива, постепено се исфрлаат од употреба поради нивното негативно влијание врз животната средина.
Европските електрани со фосилни горива или се затвораат или се чуваат во ладна резерва, за да се активираат само во случај на големи прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во Србија, енергетските капацитети како ТЕ Колубара и ТЕ Морава се приближуваат кон крајот на работниот век, што го поставува прашањето за нивниот иден статус и користење.
Овие две термоцентрали се соочени со ограничувања во согласност со Директивата на Европската Унија за големи постројки за согорување, која поставува еколошки стандарди за намалување на емисиите. Според Националниот план за намалување на емисиите (НЕРП), единиците на овие термоелектрани кои не ги исполнуваат тие услови може да работат само со ограничување од 20.000 работни часови во периодот од 2018 до 2024 година. Бидејќи повеќето блокови го достигнаа крајот на овој период и не ги усогласија своите емисии со прописите за заштита на животната средина, предвидено е тие да престанат со работа.
Подготвено од М.Д.