03.10.2024 Скопје
Според германските медиуми, германскиот канцелар Олаф Шолц сака телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин првпат по речиси две години.
Наводно се размислува за телефонскиот повик пред состанокот на Г20 во Бразил во ноември. Меѓутоа, од Берлин сè уште нема барање за разговор, наведува весникот. Доколку тој разговор биде остварен, Шолц ќе биде првиот шеф на влада од земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, кој ќе има директен контакт со Путин. Последниот телефонски разговор меѓу Шолц и Путин бил во декември 2022 година.
Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот британски премиер Борис Џонсон исто така последен пат директно разговарале со Путин во 2022 година. Западните земји ја поддржуваат Украина.
Подготвено од М.Д.