lenin

29.10.2024 Скопје

Ленин Јовановски првиот човек на „Слобода превоз“ на неговиот Фејсбук профил вели дека имал можност да има увид во потпишаниот договор за Јавно приватно партнерство помеѓу Градот Белград – Секретаријат за јавен превоз и приватните превозници кој може да биде и добра основа за подобар јавен градски превоз и за Скопје.

Тој најавува и враќање во  јавниот превоз, затоа ќе конкурира на јавниот оглас за приватни превозници што ќе го распише Град Скопје. Смета дека ќе понуди подобри услови, па можеби нема да биде одбиен од Градот.

За веста дека Беград планира да му донира автобуси за јавниот градски превоз, автобуси кои во моментот сообраќаај по белградските улици, но не се премногу стари и се употребливи, вели дека го видел потпишаниот договор меѓу Град Белград и приватните превозници од Скопје.

„На разговори и преглед на функционирањето на Јавниот превоз во Белград каде имав можност да имам увид во потпишаниот договорот за Јавно приватно партнерство помеѓу Град Београд – Секретаријат за јавен превоз и приватните превозници кој може да биде и добра основа за подобар Јавен градски превоз и во нашево Скопје. Меѓу другото во Белград договорена средба и пружена рака за соработка и со Тарик Озелер директор за извоз на фабриката за автобуси Bristish Motor Corporation (BMC) моментално присутни во Белград со 170 автобуси во ГСП кои се набавени дел 2019, дел 2022 и сега во 2024 со што ќе бидат веќе 270 автобуси, “BMC” кај приватните превозници е застепен со 200 автобуси од кои 150 се купени оваа година“, напиша Јовановски на Фејсбук.

Тој додаде дека добра вест е што градот Белград планира да донира автобуси од марката „Соларис“.

„Добра вест е она што е постаро од Соларис автобусите очекуваме да се донира во Скопје. Инаку нови 6 автобуси од BMC со мотиви од Град Скопје ќе добие и ЈСП Скопје за празникот 13 ноември благодaрение на UNOB (United Nation office in Belgrade). Работиме посветено PRO BONO за Скопје од желба и за инат на сите тие што не знаат како да работат и оние што не сакаат да работат , а платени се за тоа.  Ете кој колку може во целава лакрдија со јадниов превоз во Скопје“, потенцираше Јовановски.

Веста дека Белград планира донација на автобуси во Скопје, но и други градови низ РС Македонија ја објавија српските медиуми, повикувајќи се на извори од управата на ГСП.

Градот Скопје, друиот ден реагираше и обвини дека „лице блиско до руските структури во земјава и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да отпочне повторно со вршење на оваа дејност“.

„Се потврдува информацијата пласирана во јавноста во изминатите денови од лице блиско до руските структури во земјава и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да отпочне повторно со вршење на оваа дејност. Дали со оваа донација од Белград се подготвува ова лице, блиско до ВМРО-ДПМНЕ и руските безбедносни служби, повторно да влезе во дејноста со јавен превоз и со помош на ВМРО-ДПМНЕ да го приватизира ЈСП“, пишуваат од Град Скопје.

Подготвено од М.Д.

About Author