28.10.2024 Скопје
Сè погласни се приказните на експертите за појавата на новиот геолошки феномен – шестиот океан на планетата Земја. Во последниве години, истражувачите открија дека двата дела на копното што го сочинуваат вториот по големина и вториот најнаселен континент почнуваат да се одвојуваат.
Ова го отвори патот за нов океан кој ќе се протега низ средината на тој континент. Ако работите продолжат со ова темпо, наскоро би можеле да видиме ситуација каде земјите како Замбија и Уганда ќе добијат сопствено крајбрежје, и покрај тоа што моментално се без излез на море.
Иако многу од промените на Земјата можеби не се очигледни со голо око, тектонските плочи постојано се движат. Земјината литосфера, која се состои од кора и горната обвивка, е поделена на неколку од овие тектонски плочи.
Движењето на тектонските плочи во одреден дел од светот ја менува нашата планета каква што ја знаеме. Пукнатината се наоѓа на границата на 3 тектонски плочи.
Рецензираното списание „Geophysical Research Letters“ потврди дека се создава нов океан додека африканскиот континент почнува да се дели на половина.
Расцепот се наоѓа на границите на африканските, арапските и сомалиските тектонски плочи. Во текот на последните 30 милиони години, Арапската плоча полека се оддалечува од африканскиот континент.
Сомалиската плоча исто така се оддалечува од Африканската плоча – во тој процес се пробива низ Источноафриканската плоча.
Благодарение на напредокот во технологијата, особено користењето на ГПС инструментите, експертите можат точно да ги одредат таквите движења на копното.
„Со мерењата на GPS, можете да измерите брзина на движење до неколку милиметри годишно. Како што добиваме се повеќе и повеќе мерења од GPS, можеме да добиеме многу појасна слика за тоа што се случува“, вели геофизичарот и професор на Универзитетот во Калифорнија, Кен Мекдоналд.
„Аденскиот Залив и Црвеното Море ќе го поплават регионот Афар и ќе навлезат во источноафриканската Голема Рифт долина, правејќи ја нов океан, а тој дел од Источна Африка ќе стане свој мал континент“, додда еМекдоналд, зборувајќи за целокупното откритие.
Иако се уште е оддалечен неколку милиони години, таков геолошки настан ќе доведе до нов океан долж целата долина Голема Рифт. Според експертите, ова веќе се случува.
Подготвено од М.Д.