mickoski-sredba

14.10.2024 Скопје

Во исто време за време на својот престој во Берлин, Германија, премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека остварил средба со македонската дијаспора.

Тој најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ. Опозициската СДСМ, пак, вчера излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и домаќин на следниот Самит.

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).

Подготвено од М.Д.

About Author