20241021125354

22.10.2024 Скопје

Аеродромот планиран во близина на Варшава би можел да го добие својот прв лет во 2032 година и ќе може да опслужува 34 милиони патници годишно.

По неизвесната ситуација по смената на власта во Полска, реномираната британска архитектонска канцеларија Foster + Partner достави планови за транспортниот центар CPK (Centralny Port Komunikacyjny), малку изменети во однос на претходните.

Градежните работи може да започнат во 2026 година, а предавањето на првата фаза на објектот, кој може да опслужува 34 милиони патници годишно, е планирано за 2032 година.

Терминалот од 450.000 метри квадратни ќе може да прими најмногу 11.000 патници на час.

Првично ќе има 140 шалтери за пријавување на патници и багаж, кои подоцна ќе се прошират на 170.

Подготвено од М.Д.

About Author