16.10.2024 Скопје
Се додека во Европската унија се одлучува едногласно, РС Македонија мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне реално преговорите со ЕУ – порака од Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски по самитот на Берлинскиот процес во Берлин.
Според Бербок, во овој случај не станува збор за неправда, туку за почитување на европските правила. Бербок го повика државниот врв во земјава да донесе одлука, макар била и спротивна на јавното мислење.
Изјавата на шефицата на германската дипломатија доаѓа откако вчера прениерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам за германсјаката поддршка по средбат ао канцеларот Шолц. Министерот Муцунски пак возврати дека се свесни за потребата за компромис но дека сме држава која повеќе од 30 години постојано прави компромиси и постојано се соочува со неизвесност.
Владата во земјава не се откажува од ставот за уставни измени со одложено дејство и според последните пораки ќе ја чека новата евентуално политичка влада во Софија за заеднички со неа да се најде решение, иако од Софија тоа упорно го одбиваат. Дека уставни измени со одложено дејство, но и индиректно ревидирање на вториот протокол и заштита на аскцискиот план за малцинствата е дел од планот на Владата, во интервју порача и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани. Дека членството во ЕУ нема алтернатива неодамна порача и евроамбасадорот Михалис Рокас кој исто така повтори дека пристапувањето е процес заснован на едногласност.
Подготвено од М.Д.