25.10.2024 Скопје
На светскиот индекс на владеење на правото РС Македонија е на 67-то место од 142 земји. Индексот на РС Македонија е 0,53, на првата земја на оваа ранг листа е 0,90, а на последната – Венецуела 0,26.
Од земјите во регионот Србија е на 94 место, Албанија 89, Унгарија 73, БиХ 71, а пред нас се Бугарија на 59 сместо, Црна Гора на 56 место, Грција 47, Хрватска 45, Романија 41, Словенија 27… На првите места се скандинавските земји Данска, Норвешка, Финска, Шведска, па следуваат Германија, Нов Зеланд, Луксембург, Холандија, Ирска… САД се на 26 место, Франција 22, Кина 95 место, Русија 113, Турција 117…
Проектот на WJP (World Justice Project) Индекс на владеење на правото е светски извор на оригинални, независни податоци за владеење на правото и алатка за унапредување на реформите за владеење на правото, глобалниот развој и деловните инвестиции низ целиот свет.
Индексот се состои од податоци за секоја земја поединечно што се однесуваат на граничувања на владините овластувања од законодавниот дом, од судството, ограничени со независна ревизија, дали владините функционери се санкционирани за недолично однесување и дали се предмет на невладини проверки. Се истражува и транзицијата на власта, отсуство на корупција, дали владините функционери ги користат јавните функции за приватна корист, отвореноста на Владата, објавени закони и владини податоци, право на информации, граѓанско учество, граѓанска правда ослободена од дискриминација и корупција…
Подготвено од М.Д.