portugalija-formula-1

02.10.2024 Скопје

Компанијата Рено ќе престане да произведува мотори за Формула 1 по 2025 година.

Производствениот погон „Viry-Châtillon“ ќе биде претворен во центар каде што ќе се развиваат технологии за употреба во возилата на Рено и Алпин.

Во исто време, центарот ќе продолжи да работи на технологии за тркачки автомобили, вклучително и поддршка на програмата „Alpin“ во серијата „WEC“.

Се очекува од 2026 година Формула 1 тимот Алпин да користи мотори на Мерцедес.

Подготвено од М.Д.

About Author