18.10.2024 Скопје
Либанските здравствени власти го потврдија првиот случај на колера оваа недела во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и милицијата Хезболах поддржана од Иран. Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови.
Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во лоши услови во засолништа или на отворено и немаат пристап до чиста вода.
Колерата избувна во Либан за прв пат по повеќе од 30 години во октомври 2022 година. Регистрирани се повеќе од 8.000 сомнителни случаи на колера, а 23 лица починаа пред да заврши епидемијата во јуни 2023 година. Оваа болест е особено опасна за малите деца.
Тестирање на луѓе и преглед на примерок од вода во моментов се во тек. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на заболените од колера.
Подготвено од М.Д.