29.10.2024 Скопје
Денес на владина седница ќе се разгледува предлог буџетот за 2025 година. Според информациите вредноста на капиталните инвестиции ќе надминат 715 милиони евра. А проекциите за буџетски дефицит и раст на бдп се поставени со фискалната стратегија.
Од министерството за финансии се на став дека се работи за развоен буџет, односно парите од државната каса ќе се трошат на проекти кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.
Очекувањата се дека ќе има поголема активност кај проектите од коридорите осум и 10д коишто ќе се реализираат во подолг временски период од првично планираното за четири години креаторите на овој предлог буџет уверуваат дека ќе има раст на платите во секторот образование и здравство а минималната плата ќе биде врзана со продуктивноста.
Јавниот долг на крајот на годината ќе биде на ниво од 64%.
Подготвено од М.Д.