30.10.2024 Скопје
Лекарскиот синдикат ЛОЗ соопшти дека тоа е повеќе од половина од болничките лекари во земјата.
Подготвени се да ја повлечат својата одлука доколку Владата исполни голем број барања, како нова болничка опрема и ангажирање дополнителен персонал. Засега нема договор со новиот словачки министер за здравство.
„Очигледно, единствениот начин да се постигне нешто во словачкиот здравствен систем е да се поднесе оставка“, изјави за новинарите шефот на ЛОЗ, Петер Висолајски.
Главниот поттик на масовниот отказ на докторите, се мерките за штедење што во текот на летото ги најави владејачката коалиција од три партии предводена од премиерот Роберт Фицо.
Дел од таа програма е напуштање на ветените покачувања на платите на лекарите и медицинскиот персонал, како и планот за претворање на болниците во јавно-приватно партнерство, што претставниците на лекарите го сметаат за „бавна приватизација“ на болниците.
Подготвено од М.Д.