POTROSUVACKA KORPA

03.10.2024 Скопје

За потрошувачката кошница во Црна Гора се потребни речиси три просечни плати.

Вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка во Црна Гора за периодот јули-септември, изнесува 2.000 евра и таа е повисока за 130 евра, односно за 6,95 отсто во однос на три месеци претходно, објави Центарот за образование, информирање и синдикално истражувањена на Црна Гора. Просечната плата во Црна Гора изнесува 771 евро, па за потрошувачката кошница се потребни безмалку три цели просечни плати.

Потрошувачката кошничка се однесува на третиот квартал од годинава и ги опфаќа трошоците на четиричлено семејство со две деца на училишна возраст.

Подготвено од М.Д.

About Author