14.10.2024 Скопје
Компанијата Спејс Икс на Илон Маск успешно ја лансираше Старшип („Starship“), најмоќната ракета на светот, постигнувајќи нешто што досега не било постигнато. За време на ова лансирање, Спејс Икс за прв пат се обиде и успеа безбедно да го приземји својот ракетен фрлач, наречен Супер Хеви(„Super Heavy“).
По лансирањето, носачот се вратил на лансирната рампа каде масивни метални краци го фатиле со прецизност.
Ова е апсолутно неверојатно! – извика инженерот на Спејс Икс, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
За околу еден час се очекува да се врати во атмосферата на Земјата, што претставува уште еден клучен и ризичен момент. Планирано е Старшип да изврши маневар за слетување над Индискиот Океан.
Ова е петти тест на Старшип, откако леталото постигна значителен успех во март оваа година, надминувајќи ги двата претходни обиди кои завршија со експлозии веднаш по лансирањето.
Подготвено од М.Д.