20240930152823

01.10.2024 Скопје

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина ги започнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица. Поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел, комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании – изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.

До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.

Подготвено од М.Д.

About Author