https://www.facebook.com/narodnatabanka/photos/2873197399652600

01.10.2024 Скопје

Почна процесот на намалување на каматните стапки во земјава, барем на оние на кредитите кои што банките им ги одобруваат на граѓаните и компаниите.

Додека, пак, каматите на депозитите се уште „се држат“, но евидентно е дека и кај нив во брзо време ќе стартува процесот на спуштање по надолна линија.

Овие податоци на Народна банка на Р.С.Македонија се однесуваат на август годинава, што значи пред да се случи неодамнешното прво после подолг период намалување на основната камата од монетарната власт во земјава.

Како што е познато, на 17 септември годинава, Народна банка на Македонија ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа од 6,30 отсто, се сведе на 6,025 отсто, што се толкува како прво и повнимателно олабавување на монетарната власт во земјава.

„Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44 отсто и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96 отсто. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за 0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43 отсто, при годишен раст од 0,26 п.п“, се вели во објавата од Народна банка на Р.С.Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author