gas-pexels-pixabay-1-696x522

30.10.2024 Скопје

Печките на гас убиваат 40.000 Европејци секоја година, покажува истражувањето на домаќинствата во ЕУ и Обединетото Кралство. Според статистичарите, оваа бројка е двојно поголема од онаа на загинати во сообраќајни несреќи.

Како што се наведува во извештајот, печките испуштаат штетни гасови поврзани со болести на срцето и белите дробови. Сепак, експертите велат дека постои мала свест кај јавноста за опасностите. Во просек, користењето на шпорет на гас го скратува животот на човекот за речиси две години.

Степенот на проблемот е многу полош отколку што мислевме – рече главниот автор на истражувањето, Хуана Марија Делгадо-Саборит, кој раководи со истражувачката лабораторија за здравјето на животната средина на Универзитетот Хаиме Први во Шпанија.

Истражувачите припишуваат 36.031 рана смрт секоја година на плински рингли во ЕУ и дополнителни 3.928 во Велика Британија. Тие велат дека нивните проценки се конзервативни бидејќи ги земале предвид само здравствените ефекти на азот диоксид (NO2), а не и други гасови како јаглерод моноксид и бензен.

Во далечната 1978 година, за прв пат дознавме дека загадувањето со NO2 е многукратно поголемо во кујните што користат гас наместо електрични шпорети. Но, дури сега имаме можност да го пресметаме бројот на изгубени животи – рече Делгадо-Саборит.

Секое трето домаќинство во ЕУ готви со гас, а процентот се зголемува на 54% од домаќинствата во Велика Британија и повеќе од 60% во Италија, Холандија, Романија и Унгарија. Печките согоруваат фосилни гасови и испуштаат штетни материи кои го разгоруваат респираторниот тракт.

Извештајот, поддржан од Европската климатска фондација, се базира на минатогодишното истражување кое го мери квалитетот на воздухот во затворените простории за да открие колку готвењето на гас го зголемува загадувањето на воздухот во затворените простории.

Подготвено од М.Д.

About Author