04.10.2024 Скопје

Во Скопје по вторпат ќе се одржи настанот за вмрежување „Your network is your net worth“.

Иницијативата ги спојува забавата и едукацијата, а акцентот е ставен на креирање нови деловни врски и можности за соработка меѓу младите претприемачи од Балканот, информираат од Унијата на млади претприемачи „Phoenix rising“, организатор на настанот од државава, како дел од проектот „Balkan entrepreneur bridge“, во соработка со униите на млади претприемачи од Црна Гора и Србија.

Меѓу програмските активности се панел-дискусија за можностите на младите претприемачи во балканскиот регион и значењето на регионалната соработка, театарски перформанс, музика, забава.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *