ELEKTRICEN AVTOMOBIL

28.10.2024 Скопје

Цените на електричните и класичните автомобили во Германија се се поблиску, но електричните автомобили и понатаму се поскапи. Во октомври разликата меѓу двата типа на 20 водечки модели значително се намали.

Според податоците од новото издание на редовната анализа на цените на Институтот за истражување на пазарот на автомобили (CAR), просечната цена на е-автомобил била 39.800 евра, за 6.600 повеќе од цената на бензинскиот мотор. Но, разликата е за 920 евра помала од претходниот месец.

„Електричните автомобили поевтинуваат“, вели аналитичарот на CAR, Фердинанд Дуденхофер, оценувајќи дека трендот ќе продолжи и во наредните месеци, пред се поради построгите прописи за емисијата на CO2.

Производителите, имено, ја прилагодуваат својата ценовна политика на регулативите. Поради ова, некои важни модели на е-автомобили, како што се Opel Corsa, Mini Cooper и Tesla 3, веќе станаа поевтини.

Од друга страна, помала е веројатноста продавачите да даваат попусти на електричните автомобили. Така, купувачите на автомобили на бензин може да остварат рабат од 16,5 отсто, а на електрични автомобили од 12,6 отсто.

CAR ја зема само цената на трансакцијата за нејзината пресметка, односно она што клиентите всушност го плаќаат кога купуваат нови автомобили.

Подготвено од М.Д.

About Author