VINO

16.10.2024 Скопје

Француската и италијанската полиција соопштија дека успешно разбиле меѓународен синџир на измамници кои продавале лоши флаширани вина како ретки и вредни вина по цени кои достигнувале и до 15.000 евра по шише.

Шест лица, меѓу кои и еден руски државјанин, кој е осомничен дека е водач на групата, се уапсени во Париз, Торино и Милано.

Уапсените беа обвинети дека фалсификувале етикети на познати француски винарии и продавале лажно означени шишиња со лошо вино по целосна пазарна цена преку трговците на мало ширум светот.

„Оваа криминална група од измамата заработила два милиони евра“, се наведува во соопштението на француското обвинителство.

Во соопштението за печатот, Европол наведува дека за време на заплената, „голем број фалсификувани шишиња за вино класифицирани како „Гранд Кру“ од различни познати лозја, фалсификувани етикети за шишиња за вино, восок, уреди за полнење вино, технички уреди за затворање шишиња, разновидна луксузна стока, електронска опрема вредна 1,4 милиони евра и повеќе од 100.000 евра во кеш“.

Подготвено од М.Д.

About Author