04.10.2024 Скопје
Во рамките на овој заеднички проект, во сите основни училишта во општината е поставена за инфраструктура од контејнери ситен електронски отпад и отпадни батерии, а од 1-14 октомври се предвидени работилници наменети за едукација на децата за собирање и селектирање на овој вид отпад.
На работилниците во ООУ „Киро Глигоров“ наменети за второоделенците денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
„Децата од мали нозе стекнуваат навики за правилно постапување со електронскиот и други видови отпад. Тие брзо учат како да собираат и селектираат и во тој поглед се посовесни и поодговорни од возрасните. Јас, како градоначалник, давам целосна поддршка на вакви акции што придонесуваат кон заштита на нашето здравје и околината“, рече Герасимовски.
Паралелено со едукацијата на децата како еко амбасадори кои пораката ќе ја пренесат дома, достапна услуга за селекција и рециклирање на овој вид на отпад за граѓаните е Еко Линијата 070 236 000, каде граѓаните секој ден можат да пријават и погабаритен стар електричен или електронски отпад од своите домови и компании, и истиот да биде бесплатно преземен и правилно третиран без да биде закана по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина воопшто.
Здружената акција на Општина Центар и Друштвото за управување со отпад “Нула Отпад” се спроведува во пресрет на 14 Октомври, Меѓународниот ден на електронскиот отпад.
Подготвено од М.Д.