30.10.2024 Скопје
Албанската опозиција вчера ги блокираше раскрсниците низ земјата барајќи актуелната влада да биде заменета со технократска привремена влада пред парламентарните избори следната година.
Пратениците ги предводеа стотиците поддржувачи на опозицијата на митинзи на главниот влез на Тирана и на пет други главни раскрсници низ земјата за да го блокираат сообраќајот.
„Граѓанска блокада, денес или никогаш“ беше слоганот на протестот на веб-страницата на најголемата опозициска Демократска партија.
Во Тирана пратениците од опозицијата ги паркираа своите автомобили за да го блокираат сообраќајот три часа.
Конзервативните демократи предводени од поранешниот премиер Сали Бериша долго време ги обвинуваат социјалистите на премиерот Еди Рама за корупција, манипулација со претходните избори и узурпација на судството.
Полицијата предупреди дека попречувањето на сообраќајот е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до три години.
Илјадници полицајци се распоредени да ги заштитат владините згради.
Демократите и нивните поддржувачи во опозициската коалиција одржуваат протести поради апсењето на Бериша и поранешниот претседател Иљир Мета во одделни случаи на корупција, велејќи дека обвиненијата се политички мотивирани.
Друг демократски пратеник, Ервин Салијани, исто така беше осуден за клевета.
Демократите организираа насилни протести против владата од 2013 година, кога ја напуштија власта.
Во Албанија идната пролет се одржуваат парламентарни избори, на кои социјалистите на Рама се „подготвени да победат“, делумно поради тоа што опозицијата е поделена.
САД и Европската унија ја повикаа опозицијата да продолжи со дијалогот со владата, велејќи дека насилството нема да и помогне на земјата да се интегрира во ЕУ.
Во 2020 година, ЕУ одлучи да започне преговори за полноправно членство со Албанија.
Претходно овој месец, Тирана започна разговори за тоа како земјата е усогласена со позициите на ЕУ за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и борбата против корупцијата.
Подготвено од М.Д.