09.10.2024 Скопје
Од 1 до 4 октомври се одржа втората акција за вадење на останатите рибарски мрежи (познати како мрежи духови) од четири клучни локации на дното од Охридското Езеро.
Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека се отстранети вкупно 3.856 метри мрежа од дното на езерото, кои беа покажани во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во акцијата учествуваа четворица нуркачи од клубот „Амфора“, кои 98 пати нуркаа, со вкупно време на нуркање од 73 часа и 38 минути.
Мрежите духови се напуштени, загубени или оставени рибарски мрежи, кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми. Овие мрежи претставуваат значителна закана за кревките екосистеми на Охридското Езеро.
Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако не се отстрануваат редовно овие мрежи, последиците може да бидат сериозни, намалувајќи ја рибната популација и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и на локалната економија.
Подготвено од М.Д.