24.10.2024 Скопје
Можете ли да замислите толку голема ограда што би водела од РС Македонија до Таџикистан, или понатаму, сè до Кина? Таков рекордер, најдолг во светот, постои во југоисточна Австралија. Жичената ограда поставена за заштита на овците од австралискиот динго предатор долга е 5.531 километар во должина со која влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Оградата против динго висока 1,8 метри направена од жица и дрво го промени изгледот на австралиската дивина, но значително ги погоди и животните. На пример, бројот на кенгури и зајаци кои живеат во оградата е поголем од оној од другата страна бидејќи не се во опасност од динго.
Поради тоа, таму е пораспространето прекумерното пасење, па некои видови како зебите, на пример, немаат доволно храна. Освен тоа, оградата ја спречува миграцијата на животните, со што се намалува ширењето на семињата низ Австралија. Влијанието на оградата врз животната средина може да се види од вселената: снимката покажува голема разлика во количината на тревна покривка на местата каде што дингото е доминантно.
Ограда од источен Квинсленд сè до австралискиот брег била подигната во доцните 1800-ти и раните 1900-ти за да ги заштити полињата од зајаци, а подоцна била прилагодена за заштита на добитокот, особено овците, од динго. Се протега низ три држави, вклучувајќи 150 километри кои минуваат низ црвените песочни дини на пустината Стржелецки.
Подготвено од М.Д.