24.10.2024 Скопје
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесувало 936 031 toe или 34,7 % од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe.
Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година се: сообраќајот со 44,1 %, домаќинствата со 25,8 % и индустријата со 17,9 % (од расположливата финална потрошувачка).
Подготвено од М.Д.