14.10.2024 Скопје
Нов обид на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за именување на нов директор. На седницата во четрвтокот на беше присутен претставникот од Министерството за правда поради што Управниот одобор не беше во полн состав од девет членови и немаше можност за избор на нов директор.
Останатите членови едногласно се согласија седницата да се одложи за денеска.Петмина судии и две обвинителки се во игра за директорската позиција во Академијата за судии и јавни обвинители.
На огласот се пријавија судиите од Кривчен суд Оља Ристова и Ненад Савески, судијата од Граѓански суд Андреј Димовски, судијката од Управен Едита Насковска, заменик директорот на Академијата кој моментално е и вршител на должноста, Илир Исени, обвнителката од скопското основно обвинителство Спасенка Андонова и обвинителката од битолското вишо обвинителство Ирена Трајкоска Стрезоски.
Подготвено од М.Д.