04.10.2024 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги предупреди германските граѓани никогаш да не ги заборават негативните последици од повторното обединување за некои од луѓето во поранешна Источна Германија.
За милиони источни Германци, тогашниот пресврт значеше ослободување и нов почеток. Но, за милиони, пресвртот во годините по повторното обединување значеше пред сè едно: колапс, рече тој додека нацијата го одбележува повторното обединување, a овогодишниот главен настан се одржува во северниот град Шверин.
На многумина им пропадна целиот живот, што беше „девалвација на нивното знаење, нивните искуства, нивниот животен труд“, истакна Шолц.
Тоа е исто така дел од историјата на Германија од 1990 година. Тоа никогаш не смее да се заборави или да се фрли под тепих, додаде германскиот канцелар.
Подготвено од М.Д.