17.10.2024 Скопје
Според анализата на холандската мултинационална компанија DSM, глобалниот и европскиот пазар на витамини се соочуваат со прекини во синџирот на снабдување, прекин на производството и зголемени трошоци. Поради недостиг на витамин Бе во Европа, унгарската Hell Energy одлучи привремено да го прекине производството на енергетски пијалоци.
Поради постојаниот недостиг на витамин Бе во Европа, унгарската компанија Hell Energy одлучи привремено да го прекине производството на енергетски пијалоци за две до три недели.
Компанијата денес, 17 октомври, ќе го прекине производството на енергетски пијалоци.
Во соопштението за печатот, компанијата оценува дека европскиот недостиг на витамин Бе значително влијае на „широка палета“ на индустрии, вклучувајќи ги фармацевтските и прехранбените производи, и дека тие активно работат со добавувачите и меѓународните партнери за „што е можно поскоро да се реши проблемот.
Состојбата на европскиот и светскиот пазар на витамини Бе, но и А и Е, не е сјајна, доказ за тоа е анализата на холандскиот светски производител на витамини ДСМ, кој во својот извештај за последниот квартал од оваа година предупредува дека производствениот дефицит сѐ уште не е „покриен“ по пожарот во фабриката на голем европски производител во Германија.
Станува збор за пожар во фабриката на BASF во Лудвигсхафен на крајот на јули, а германската компанија неодамна истакна дека сѐ уште траат работите на реставрација на погодените објекти.
ДСМ изјави дека пожарот сериозно го нарушил производството на витамините А, Е и каротеноидите, а процениле дека производството ќе продолжи најрано во јануари 2025 година, што укажува дека тоа е причината за значителниот скок на цените, но и за намалената испорака на тие витамини.
ДСМ, инаку, соопшти дека до август цените на витаминот Е на светскиот пазар достигнале највисоко ниво во последните пет години.
Повеќето клиенти на кои им е потребен витаминот како суровина во производството, успеаја да обезбедат покриеност за третиот квартал, но изгледите за четвртиот квартал се понеизвесни.
Влошувањето на достапноста значи дека обезбедувањето резерви на витамин Е може да стане сè потешко, а цените се очекува да останат покачени до 2025 година, велат аналитичарите на DMS во извештајот.
Кога станува збор за витаминот Бе, ДСМ наведува дека цената на витаминот Бе1 продолжува да расте поради послабата понуда, додека цената на Бе2 е релативно стабилна бидејќи досега немало проблеми со снабдувањето и не смета дека ќе има наскоро.
Поинаква е ситуацијата со витаминот Бе3.
Достапноста за брза испорака е многу мала, а суровините за производство под поволни услови не се достапни, што доведува до повисоки цени. Бидејќи се очекува пораст на побарувачката по летните месеци, постои потенцијал за натамошни поскапувања“, велат од ДСМ.
Поскапуваи витаминот Бе6, а од ДСМ објаснуваат дека цените ги „туркаат нагоре кинеските производители“ и дека се очекува тие да пораснат.
„Цените на витамин Бе9/фолна киселина исто така се стабилизираа, со ограничено движење. Сепак, заканата од прекин на синџирот на снабдување и зголемување на транспортните трошоци сепак може да изврши нагорен притисок во наредните недели“, предупредува ДСМ.
Тие забележуваат дека цените на витаминот Бе12 се стабилизирале на повисоки нивоа во Европа.
Заклучуваат дека последниот квартал од глобалниот пазар на витамини ќе биде непредвидлив, бидејќи прекините во снабдувањето го направија обезбедувањето на витамини за производство сè потешко и поскапо.
„Додека некои витамини, како што е Бе2, доживеаја релативна ценовна стабилност, други, особено Е и А, се соочуваат со нагло зголемување на цените. За играчите во оваа индустрија, од клучно значење е да останат агилни, внимателно да го следат развојот на пазарот и да се обезбеди понуда за има движење во овој предизвикувачки период“, советуваат аналитичарите на DSM.
Подготвено од М.Д.