02.10.2024 Скопје
Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид соопшти денеска дека воведе трајна забрана за влез на стадионот на навивач кој полицијата го идентификуваше оти фрлил предмет на теренот за време на првенствениот натпревар против градскиот ривал Реал Мадрид во неделата.
Натпреварот беше прекинат 20-ина минути бидејќи навивачите на Атлетико фрлаа предмети кон голманот на Реал, Тибо Куртоа, откако Реал поведе во вториот дел.
Атлетико сепак освои бод, ремизирајќи 1-1 со голот на Анхел Кореа во судиското продолжение.
„Нашиот Оддел за безбедност продолжува да работи со полицијата за идентификување на другите инволвирани, кои ќе бидат трајно протерани од стадионот“, соопшти Атлетико.
Подготвено од М.Д.