30.10.2024 Скопје
Никол Ендрјус, позната нутриционистка за пациенти со рак, сподели листа на намирници кои можат да му наштетат на здравјето и да го зголемат ризикот од болести, објаснувајќи зошто е важно да ги избегнуваме во секојдневната исхрана.
Никол Ендрјус (38) е нутриционистка специјализирана за исхрана на онколошки пациенти и стекна голема популарност откако објави листа од десет намирници кои ги смета за опасни по здравјето.
Како нутриционистка, свесна сум колку правилната исхрана може да помогне во лекувањето и да го спречи враќањето на болеста. За жал, има многу дезинформации за тоа што луѓето треба да јадат и затоа сакам да го искористам ова видео за да ве информирам и да ги разјаснам вашите сомнежи – рече Никол објаснувајќи ги причините за избегнување на следниве намирници:
Алкохол
„Не пијам алкохол бидејќи секое внесување алкохол, па дури и црвено вино, го зголемува ризикот од шест различни видови на рак. За тоа е одговорен етанолот, а секоја доза веднаш го зголемува ризикот.
Преработено месо
„Секое количество преработено месо го зголемува ризикот од рак на дебелото црево“.
Црвено месо
Никол верува дека црвеното месо генерално не е корисно за здравјето.
Засладени сокови и коктели
„Кога сум во ресторан, пијам само вода“, додава таа.
Колбаси со масно месо и внатрешни органи
Шеќери
Големи количини на храна
„Црвеното месо, за разлика од алкохолот и преработеното месо, нема веднаш да го зголеми ризикот од рак, но редовното консумирање на големи количини, на пример четири килограми неделно, го зголемува ризикот од колоректален карцином. Затоа се трудам да јадам црвено месо само еднаш неделно или го избегнувам и наместо тоа избирам пилешко, мисирка, риба или растителни протеини како соја“.
Прекумерно консумирање кафе
Никол забележува дека две шолји дневно не се штетни, но прекумерната количина може да биде штетна за организмот.
Подготвено од М.Д.