image (46)

26.10.2024 Скопје

Според тие податоци, околу 13 милиони луѓе гласале лично до вчера вечерта, а повеќе од 17 милиони по пошта.

Иако е завршена регистрацијата на гласачите, граѓаните имаат рок до 29 октомври да побараат ливчиња за гласање по пошта, а досега се побарани над 1,8 милиони гласачки ливчиња.

Во Пенсилванија, повеќе од девет милиони луѓе се регистрирани да гласаат на изборите на 5 ноември, само 2.000 помалку отколку на изборите во 2020 година.

Неколку држави, вклучително и клучните држави како Северна Каролина и Џорџија, поставија рекорди за првиот ден од предвременото гласање минатата недела.

Пенсилванија и Џорџија се меѓу седумте држави кои ќе одлучат кој ќе победи на претседателските избори.

Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември.

Подготвено од М.Д.

About Author