03.10.2024 Скопје
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10. октомври) и против Ерменија во Ереван (13. октомври) од Лига на Нации.
Андреј Стојчевски од Жилина е ново име и ќе чека шанса за деби во „А“ националниот тим за следните натпревари, откако селекцијата се соочува со проблеми во одбраната, особено со црвениот картон на Ѓоко Зајков и со тоа што Дарко Велковски и натаму нема ангажман.
„И натаму сметам дека овие фудбалери се најдобрите кои Македонија во моментов ги има. Се одлучивме за Стојчевски поради тоа што имаме проблеми поради суспензии на Серафимов и на Зајков. Трапановски нема да биде на располагање поради повреда, а не сум задоволен од формата на Агон Елези. Нашата цел е и после овие два натпревари да останеме први во групата“, рече Милевски.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)
Подготвено од М.Д.