
18.10.2024 Скопје
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси изјави дека ужива да игра за националниот тим и има намера да игра за неа се додека здравјето му дозволува.
Навистина е убаво да се почувствува енергијата на луѓето кои го скандираат моето име од возбуда… Сите ги сакаме овие моменти што ги имаме со години и врската со луѓето. Сакам да бидам тука, да играм за Аргентина. Тоа ме инспирира, уживам, среќен сум што сум покрај моите соиграчи, и покрај мојата возраст. Кога сум во репрезентацијата се чувствувам како дете. Затоа што се чувствувам удобно и се додека можам да му помогнам на тимот, ќе уживам.
Аргентинецот одговори и на прашање кога би сакал да ја заврши репрезентативната кариера.
Вистината е дека не одредив датум или рок, само уживам во сето тоа. Многу сум среќен што сум во националниот тим и ја чувствувам љубовта на луѓето, бидејќи знам дека секој натпревар може да биде мој последен – додаде играчот.
Меси за репрезентацијата на Аргентина игра од 2005 година. Триесет и седумгодишниот напаѓач има рекордни 189 натпревари и 112 гола за националниот тим. Како дел од репрезентацијата, Аргентинецот стана светски шампион и двократен победник на Купот на Америка.
Подготвено од М.Д.