mask-416620

21.10.2024 Скопје

Милијардерот Илон Маск најави дека секој ден до претседателските избори, на 5 ноември, ќе доделува по милион долари на гласачите на еден вид лотарија, со цел да ја зајакне кампањата за републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

До изборите тој ќе финансира 17 милиони долари за исплата на добитниците на лотаријата, кои претходно потпишале петиција која ефективно ги охрабрува гласачите на Трамп да се регистрираат за гласање за да можат да учествуваат во извлекување на милион долари.

Петицијата ветува дека секој ден од сабота секој кој ќе ја потпише петицијата ќе биде избран да има шанса да ја добие наградата.

Говорејќи на митингот во Харисбург во Пенсилванија, Маск рече дека неговата цел е да натера меѓу еден милион и два милиони гласачи во сојузните држави да потпишат „затоа што мислам дека ова испраќа клучна порака до нашите избрани политичари“.

Првиот чек му го предал на човек од државата.

Според Федералната изборна комисија (ФЕЦ), Маск донирал околу 75 милиони долари во текот на изминатите три месеци на Америка ПАЦ, политички акционен комитет што тој го формираше за поддршка на кампањата на Доналд Трамп.

Маск исто така го искористи својот јавен профил за да ја нападне кандидатката на Демократската партија, Камала Харис.

Трамп посочи дека ќе го назначи Маск да раководи со владината комисија за ефикасност со цел да ги ограничи американските федерални трошоци, доколку победи.

Подготвено од М.Д.

About Author