14.10.2024 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе го посети Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа во белгискиот град Монс.
Како што соопшти НАТО, за време на оваа негова правата официјална посета на Штабот по преземањето на должноста генерален секретар на Алијансата на 1 октомври, Руте ќе се сретне со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генералот Кристофер Каволи и други високи штапски офицери.
Во попладневните часови, предвидено е Руте да отпатува за германскиот град Визбаден, каде ќе има средба министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус и ќе ја посети Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на Украина (НСАТУ).
Подготвено од М.Д.