20241017184638

18.10.2024 Скопје

Од Македонскиот клуб за етничка толеранција велат дека слично како и претходните години доставиле известување до Општина Кресна дека ќе положат цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски лоцирано во центарот на градот. Но, непријатно биле изненадени кога од општината добиле известување дека на 20 октомври, датумот кој требало да го одбележат, градот имал планирано други настани.

Востанието на македонскиот народ против отоманската власт е кренато  17 октомври 1878 година во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Димитар Поп Георгиев Беровски беше водач и на Разловечкото и на Кресненското востание.

Комитетот на министри на Советот на Европа, минатиот месец донесе одлука со која од источниот сосед побара до 16 декември да одговори какви чекори ќе преземе околу спроведувањето на 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Во Бугарија беше отворен па затворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.

Подготвено од М.Д.

About Author