arsovska

14.10.2024 Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше на 162. Пленарна седница на Европскиот комитет на региони во Брисел, каде ги истакна предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа во РС Македонија.

Во своето обраќање, Арсовска нагласи дека главните проблеми се политичкото мешање од централната власт, обидите за влијание врз независноста на локалните институции и ограничените финансиски ресурси.

Според неа, овие предизвици негативно влијаат на функционирањето на локалната самоуправа и на учеството на жените во политиката.

Таа истакна дека локалната власт е клучен дел од интеграцијата на земјата во ЕУ и дека зајакнувањето на локалните институции е неопходно за успешно справување со уникатните потреби на граѓаните.

Арсовска истакна дека тековните напори за унапредување на децентрализацијата и поттикнување на меѓуетничката соработка се од суштинско значење за создавање стабилно и демократско општество.

На крајот, Арсовска апелираше за поголема поддршка и заштита на жените во политиката, нагласувајќи дека бројот на жени градоначалници во Европа опаднал на 16%, а во РС Македонија на рекордно ниски 2%.

Подготвено од М.Д.

About Author