09.10.2024 Скопје
Европската унија не е целосна без Западен Балкан. Ова е заедничка порака на лидерите на земјите дел од процесот Брдо Бриони.
За остварување на крајната цел државите остануваат посветени на реформите, а во тоа помош ќе добијат од планот за раст на Западен Балкан.
Критики кон инертноста на Европската унија упати хрватскиот претседател Милановиќ.
Европската интеграција на РС Македонија беше во фокусот на средбите кои претседателката Сиљановска Давкова ги одржа во своите колеги од Хрватска и Словенија. Од двете земји членки на Унијата, Сиљановска побара поддршка и разбирање за позицијата во која се наоѓа земјата
Истакнувајќи дека Европската Унија врши притисок врз земјите-членки кога тоа е потребно во многу други случаи, претседателката Сиљановска Давкова порача дека во нашата ситуација неопходни се лидери и земји кои ја разбираат нашата позиција, кои ќе помогнат да се осигураме дека нашиот глас јасно ќе се слушне во наредниот период. Претседателката нагласи дека е време да се потенцираат критериумите од Копенхаген во процесот на интеграција во Европската унија и да се потврди јасната посветеност на регионот.
Евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања, посочувајќи на опасноста од зголемување на евроскептицизмот поради актуелниот ќор-сокак во кој се наоѓа процесот, информираат од нејзиниот кабинет по средбите
Процесот Брдо Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива која стартуваше пред 11 година, која има за цел да им помогнме на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската унија.
Подготвено од М.Д.