Sarl-Lekler

21.10.2024 Скопје

Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферари е победник на Големата награда на САД во Остин, 19-та трка од Светскиот шампионат во Формула 1.

Одличната вечер за Ферари ја заокружи Шпанецот Карлос Саинц кој го освои второто место, додека трет беше актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Холанѓанецот беше четврти на патеката кога ја мина целта, но Британецот Ландо Норис од Мекларен доби казна од пет секунди, па ги заменија местата во конечните резултати од трката.

Ова е осма победа на Леклер во кариерата, трета оваа сезона и втора двојна за Ферари во 2024 година.

„Направивме одлична работа, многу сум среќен. Не беше лесен викенд, се мачев со болидот. Сепак, денеска на трката чувството беше подобро. Темпото на болидот беше навистина, навистина добро”, рече победникот.

На крајот, Леклер беше 8,5 секунди пред Саинц, додека Верстапен заостана речиси 20 секунди.

„Прво му честитам на целиот тим кој нѐ стави во борба за титулата кај конструкторите. Знаев дека голем дел од трката ќе се решава на почетокот, ова беше добра трка. Уживам во трките, можеме едноставно да ргнете во напад и само да туркае и претекнувате, што е едноставно забавно“, изјави Саинц.

Верстапен победи на спринтерската трка во САД изминатиот викенд, завршувајќи пред Саинц и Норис. Така Холанѓанецот победи на сите спринтерски трки оваа сезона, а вкупно 11 во кариерата, од 16 спринтерски трки во целата историја на Формула 1.

Холанѓанецот во САД пристигна со 52 бодови предност, по спринтот ја зголеми предноста на 54 поени пред најблискиот следбеник Норис, а по денешната трка во која освои 15 поени, а Норис 12 поени, има 57 поени повеќе.

„Ова беше тешка трка за мене. Беше тешка борба, се обидов со сѐ што можев да го задржам (Норис) зад мене. На крајот, подиумот е одличен резултат”, рече Версапен.

Верстапен води со 354 бодови, Норис има 297 бодови, додека Леклер е трет со 275 бодови, а до крајот на сезоната има уште пет трки.

Во поредокот кај конструкторите води Мекларен со 544 бодови, Ред Бул е втор со 504, додека Ферари е на третата позиција со 496 бодови.

Следна станица ќе биде трката за Голмата награда на Мексико, која ќе се вози во Сиудат де Мехико следниот викенд.

Подготвено од М.Д.

About Author