legendite-ziveat-vecno-filharmonija

04.10.2024 Скопје

Во Македонската филхармонија вечер ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно“ – концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за она што го оставија зад себе.

Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар, чија интерпретација ќе допринесе за создавање вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, кое ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика, Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа, Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски – Бојс како и многу други, соопштија од Филхармонија.

Подготвено од М.Д.

About Author