21.10.2024 Скопје
Србите од северните општини на Косово почнаа да се враќаат во државните институции, кои ги напуштија пред две години, по барање на Српската листа.
Имено, според нивните сознанија, Централната изборна комисија (ЦИК) преку јавен конкурс ангажирала извршни службеници на Општинските изборни комисии (ОИК) на местата испразнети со оставките на сите локални и централни институции.
„Функционални се сите општински изборни комисии, вклучително и оние во општините Звечан, Зубин-Поток, Северна Митровица и Лепосавиќ, кои својата дејност ја вршат во државните објекти. ЦИК избра четворица извршни службеници на општинските изборни комисии во овие општини по спроведеното јавен конкурс“, се вели во писмениот одговор од ЦИК.
Функционери се Бојана Орловиќ во Звечан, Ѓорѓе Петровиќ во Лепосавиќ, Чедомир Ѓордевиќ во Зубин Поток и Ивана Компировиќ во Северна Митровица.
„Сега процесот е завршен. Во овие општини беа избрани четворица функционери, но тие не се единствените. Поддршка ќе дадеме и преку четири општини во регионот“, рече Аријанит Елшани, член на ЦИК.
Mинатиот месец претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако властите во Приштина ги затворија паралелните српски институции на север, повика на реинтеграција на Србите на северот на Кoсово, барајќи владата во Приштина да им овозможи на оние кои поднесоа оставки да се вратија на своите работни места. Приштина одговори дека таквиот потег би бил неуставен и дека тие позиции ќе бидат пополнети со конкурс.
Подготвено од М.Д.