bisera-veletanlic-i-vasil-hadzimanov

17.10.2024 Скопје

Во Филхармонија концерт вечер ќе одржи српската пејачка на џез музика и шлагери Бисера Велетанлиќ, заедно со Васил Хаџиманов бенд.

Јасно е дека оваа есен и зима во РС Македонија ќе има навистина секакви концерти. За секого по нешто. Сепак, еден ќе двои! На 17-ти ноември Скопје и РС Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд.

Ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт, соопштија од Авалон продукција.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *