10.10.2024 Скопје
Одговорот на прашањето што е добра плата во една земја не е толку едноставен. Тоа зависи од фактори како што се каде живеете, вашето искуство, индустрија и начин на живот.
Што се смета за добра плата во Европа? Еве преглед на петте најголеми европски економии.
Според Крис Частин, директор за истражување на Економскиот институт (ЕРИ) во Германија, бруто платата помеѓу 64.000 и 70.000 евра годишно се смета за добра. Тоа се околу 3.300 до 3.600 евра нето месечно.
Платите се малку повисоки во Берлин во споредба со другите германски градови, но трошоците за живот остануваат пониски отколку во Лондон и Париз.
Во ОК, добрата месечна нето плата е помеѓу 2.500 и 3.300 фунти – што е околу 2.962 до 3.915 евра. Но, во Лондон, каде платите се за 23 отсто повисоки од британскиот просек, добрата плата би била најмалку 3.643 евра.
Во Франција просечната плата е 2.587 евра месечно, но добрата плата за удобно живеење во Франција е околу 3.200 евра месечно за едно лице. Во Париз ви требаат најмалку 3.400 евра.
Во Шпанија добрата плата се смета за околу 2.700 евра месечно за едно лице, но во Мадрид таа се искачува на 3.185 евра, каде што платите се околу 18 отсто над националниот просек.
Во Рим, пак, добрата плата обично се движи помеѓу 3.750 и 5.690 евра.
Во останатиот дел од Европа, задоволството на луѓето од нивните лични финансиски состојби варира од 39 отсто во Атина до 87 отсто во Луксембург.
Во земјите лоцирани на северот и западот на Европската Унија, генерално е забележано поголемо задоволство.
Подготвено од М.Д.