bista-kiro-gligorov-1024x681

10.10.2024 Скопје

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на свечена церемонија ја откри спомен бистата на Киро Глигоров, поставена во дворот на училиштето кое го носи името на првиот претседател на Република Северна Македонија.

На свеченоста градоначалникот Герасимовски заедно со директорката Билјана Билбиловска истакнаа дека со ова спомен обележје поставено во училишниот двор меѓу младите генерации, се продолжува патот на големиот државник Киро Глигоров.

Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров. Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште кое го носи неговото име. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски – истакна во својот говор градоначалникот Герасимовски.

Подготвено од М.Д.

About Author