eu i kina

09.10.2024 Скопје

Кинеската влада воведе привремени царини од 30,6 до 39 отсто за жестоки пијалаци од Европа како одговор на европските царини за кинеските електрични возила.

Тоа, се проценува, би можело да ја стави Кина во подобра позиција да преговара за намалување или укинување на царините од 35,3 отсто за електричните возила, кои стапуваат на сила овој месец.

Тарифите за европските жестоки пијалоци стапуваат во сила од петок и се привремени, а увозниците се обврзани да уплатат во кинеската царинска агенција во висина на царината. На крајот на август кинеското Министерство за трговија презентираше сознанија дека европските жестоки пијалоци се закануваат да предизвика „значителна штета“ на домашните производители.

Кина, исто така, започна истрага за увоз на свинско месо и млечни производи од ЕУ.

Истрагата главно е фокусирана на француските производители на коњак и слични алкохолни пијалоци како што е Армањак. Франција ја поддржа истрагата за електричните возила од кинеско производство, додека Германија, чии производители на автомобили стравуваат од одмазда на кинескиот пазар.

Привремените тарифи се разликуваат по бренд, слично на тарифите на ЕУ за електричните автомобили произведени во Кина.

На пример, давачката за коњаците Мартел е 30,6 отсто, за Реми Мартин 38,1 отсто, а за Хенеси 39 отсто. Тарифите се наметнуваат на десетици компании, меѓу кои и некои шпански производители.

Францускиот претседател Емануел Макрон му подари на својот кинески колега Кси Џинпинг две шишиња коњак кога разменија подароци за време на посетата на Кси на Франција во мај.

Подготвено од М.Д.

About Author