OKTOBERFEST

07.10.2024 Скопје

За само две недели работа на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат меѓу 5.500 и 10.000 евра нето, а понекогаш и значително повеќе. Од друга страна, за тие две недели шаторите остваруваат промет до осум-девет милиони евра.

Како што пишуваат германските медиуми, за да можат воопшто да работат на Октоберфест, келнерите и келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и пијалоци, како и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги кршат. За сместување треба да одвојат до 2.500 евра.

Најскапото сместување е 2.500 евра, а станува збор само за соба со неколку душеци, каде се сместени и останатите келнери. Инаку, келнерките и келнерите на Октоберфест не добиваат фиксен час, туку добиваат дел од продажбата.

Според информациите, домаќините на големите шатори на Октоберфест за две недели остваруваат до осум и девет милиони евра промет. Од тоа им останале околу милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два милиони евра.

Минатата година Октоберфест на градот Минхен му донесе околу 1,49 милијарди евра.

Подготвено од М.Д.

About Author