29.10.2024 Скопје
Најдобар светски тренер за минатата сезона е италијанскиот стратег Карло Анчелоти.
65-годишниот предводник на Реал Мадрид по петти пат во кариерата ја освои Лигата на шампиионите и одново ги искачи „кралевите“ на европскиот трон, а во минатогодишното финале славеше над Борусија Дортмунд со конечни 2-0.
Анчелоти не присуствуваше на церемонијата поради одлуката на Реал Мадрид да го бојкотира доделувањето на „Златната топка“, но сепак, неговиот успех не остана незабележан од сите кои го дадоа својот глас за него, уште еднаш потврдувајќи дека се работи за еден од најдобрите тренери на сите времиња.
Подготвено од М.Д.