SOVET ZA BEZBEDNOST VO ON

02.10.2024 Скопје

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одрржи итна средба за да ја разгледа ескалацијата на непријателствата на Блискиот Исток, соопшти ноќеска Швајцарија, која овој месец е претседавачот со Советот.

„Закажавме состанок во 10 часот по њујоршко време (16:00 часот по средноевропско време), соопшти швајцарското претседателството.

Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел, што според соопштението на Револуционерната гарда е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас.

Израел соопшти дека повеќето од ракетите биле пресретнати и најави дека ќе возврати.

Подготвено од М.Д.

About Author